г. г. Стефан му посака мудрост на Заев

АКЦИЈА
loading...

Архиепископот на Македoнската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА), г.г. Стефан, упати честитка до премиерот Зоран Заев по повод годишнината од формирањето на Владата.

Во честитката Архиепископот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, од свое име и од име на Архиерејскиот синод и свештенството во Македонија, на премиерот Заев и на Владата им посака успех во раководењето и мудрост во донесувањето на правилните одлуки, во, како што се вели во писмото, „овие времиња на многу искушенија, а за доброто на сите во Република Македонија“.

Од владината прес-служба соопштија дека премиерот Заев изразил благодарност и уверување дека меѓусебното разбирање ќе донесе само добри плодови за единството и поубавата иднина на сите граѓани на Република Македонија.

„Мене како премиер, и на министрите на македонската Влада ни претставува чест што стоите позади визиите за единствена и европска Република Македонија и со Вашата мудрост ги препознавате процесите кои носат подобар живот на сите наши граѓани“, напиша премиерот Заев во писмото до г.г. Стефан.

Македонија 365

loading...