Заев доби целосна поддршка за решавање на спорот за името од ЦК на СДСМ

АКЦИЈА

Со аплауз, членовите на Централниот одбор на СДСМ вчеравечер го поздравија излагањето на претседателот на партијата, Зоран Заев, за преговорите со Грција околу уставното име на РМ.

На шестата седница на Централниот комитет се разговараше за актуелната политичка состојба во земјава, за разговорите околу проблемот што Грција го има со нашето уставно име, спроведувањето на реформите и мерките од програмата коишто обезбедуваат подобар живот за граѓаните, а станало збор и за внатрепартиските активности како и за одредени кадровски прашања, информираат од СДСМ.

АКО.мк

loading...