Заев и против своите: Ќе ја менува Дескоска бидејќи се противела на промена на учебниците по бугарски терк?!

АКЦИЈА
loading...

Лидер ексклузивно од извори од Министерството за образование и наука дознава дека причината поради која Рената Дескоска ќе биде сменета од Министерството за образование е дека таа се спротиставила да се менуваат македонските учебници по историја по бугарски терк, односно да се менува македонската историја. Министерката Рената Дескоска станала пречка за спроведување на договорот за добрососедтсво со Бугарија, затоа што останала на својот став дека промена на македонските учебници за историја не смее да има.

Во интервјуто што Дескоска го даде за Радио Слободна Европа на 8 Април, беше категорична против било каква промена, која значи бришење на македонската историја и дека таков процес не е започнат , туку дека фокусот ќе биде на оние учебници, претежно од природните науки, граѓанското образование, каде што лесно се забележуваат грешките.

“Не станува збор за бришење на историја или измена, тоа е апсурдно кој било да помисли тоа да го прави. Ние сакаме да им дадеме на нашите ученици можност да учат од учебници кои не содржат грешки. Такви процеси не сме почнале, ниту некој официјално побарал од нас. Сега главно фокусот ни е на оние учебници, претежно од природните науки, граѓанското образование, оние каде што лесно се забележуваат грешките” изјави тогаш Рената Дескоска во интервјуто за Радио Слободна Европа.

Нов министер за образование ќе биде Арбр Адеми од ДУИ. А Рената Дескоска ќе стане Министер за правда.

Лидер.мк

loading...