Ќе важи ли аболицијата на Иванов во одбраната за Траекторија?

АКЦИЈА
loading...

Одбраната бара да важи аболицијата од Иванов, на траекторија се слушаа бомби

Еднаш дадена аболиција од шефот на државата не може да биде повлечена или поништена. Со ваков став е и адвокатот и поранешен прв човек на државното јавно обвинителство Љупчо Шврговски.

Доколку судовите во земјава не одговорат на барањата на адвокатите за запирање на судските постапки кои СЈО ги водат против аболицираните лица, Шврговски вели дека пресудите со сигурност ќе паднат пред европскиот суд за човекови права.

На денешното рочиште за Траекторија, во судница СЈО ги презентираше прислушуваните телефонски разговори помеѓу обвинетите Груевски, Јанакиевски, Пешевски и Георгиевски. Во најголем дел јавноста ги слушна разговорите помеѓу екс-министерот Јанакиевски и тогашниот амбасадор во Кина Оливер Шамбевски, кои се однесуваат на изборот на комапнија за изградба на автопатиштата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид. На барање на одбраната во судница денеска не беа пуштени три телефонски разговори, на што јавните обвинители реагираа дека на ваков начин не се штити јавниот интерес. За овој предмет СЈО поседува вкупно 315 аудио снимки.

loading...