АНКЕТА НА ТЕЛМА: Насоката во која новата Влада ја носи Македонија

АКЦИЈА
loading...

36,8 отсто од испитаниците одговориле дека Македонија се движи во негативна насока со работата на Владата во последната година, покажа анкетата објавена вечерва на телевизија Телма.

Сличен процент, односно 35,1 отсто одговориле дека Македонија се движи во позитина насока, а значителен дел, односно 22,4 отсто сметаат дека ништо не е променето и ситуацијата е иста од претходно.

Анкетата беше објавена во емисијата „Топ Тема“, а ја изработиле ТВ Телма и МЦМС во периодот од 15 до 23 мај, телефонски контактирајќи 1.052 испитаници.

loading...