Пимен: МПЦ нема да го смени името на цркавата – таа го отсликува идентитетот на народот

АКЦИЈА
loading...

МПЦ нема да прифати ново име. Името на  Македонска православна црква се врзува со нашиот идентитет, а не со мноштвото на народи кои ги имаме. Црквата треба да стои над политиката и нема да посегне по тој чекор да го промени своето име, затоа што имаме национално име како Македонска православна црква“, истакна  Владиката Пимен, на свечената литургија во катедралната црква Света Софија по повод одбележувањето на 1000 годишнината од постоењето на охридската архиепископија.

Политичките преговори за името на нашата земја нема да влијаат на Македонската православна црква бидејќи таа не размислува да го промени своето име, изјави денеска во Охрид членот на Светиот Синод на МПЦ Пимен.

„Упативме покана до синодот на БПЦ за да испрати претставници, не за заедничко богослужење, туку за да имаме и претставници и од нив во знак на стоплување на односите и продолжување на оние преговори. За жал, тоа беше одбиено, но се надевам дека ќе имаме уште многу јубилеи и заеднички чествувања и ќе ги надминеме тие наши поделби и дека онака како што не повикува црквата сите да бидеме едно“, изјави владината Пимен, митрополит на Европската епархија на МПЦ.

Архиепископот г.г. Стефан потенцира дека постоењето на МПЦ не претствува закана за другите помесни цркви.
И покрај поканата од страна на МПЦ до сите цркви од нашето опкружување ниту една од нив не испрати претствник на овој значаен јубилеј во Охрид.

Инаку чествувањето по повод јубилејот продолжува од месец мај па се до декември со бројни културни научни образовни и спортски настани како на локално така и на државно ниво ќе се одбележува еден милениум од постоењето на Охридскта архиепископија.

loading...