7 начини како да препознаете квалитетен и вистински природен мед

АКЦИЈА
loading...

Веројатно не постои личност на која не и се познати хранливите и лековитите својства на медот. Но, често кога купуваме, голем број од нас се запрашуваат, дали е тоа квалитетен и вистински природен мед? Врвните пчелари ни откриваат неколку многу едноставни трикови или методи за откривање на вештачкиот, неквалитетен мед.

Како и во секоја област, за жал и во исхраната постојат такви нешта, па постојат случаи во кои се среќава мед направен од шеќерен или пченичен сируп, адитиви и боја. Но, искусните пчелари знаат да препознаат природен квалитет и еве што препорачуваат.

  1. Прво што можете да направите е да протриете малку мед помеѓу палецот и показалецот. Ако прстите се лепат, значи медот содржи шеќер или други вештачки засладувачи. Природниот мед не е леплив.
  2. Ставете неколку капки мед на хартија или хартиено марамче. На вистински квалитетниот мед ќе му биде потребно доста време за да пројде низ хартијата, бидејќи не содржи вода.
  3. Наполнете ја чашата со вода и додајте лажичка мед. Природниот мед ќе падне на дното и ќе остане компактен, додека вештачкиот ќе почне да се меша/топи со течноста.
  4. Намачкајте мед на парче леб. Природниот мед ќе го стврдне лебот за неколку минути, а вештачкиот ќе го навлажни заради водата која ја содржи.
  5. Пред да го проголтате, квалитетниот и природен мед прави чувство на боцкање во устата, кое не се појавува кога станува збор за вештачки.
  6. Со времето вистински природниот мед ќе кристализира, а вештачкиот ќе остане мазен.
  7. Намачкајте го врвот на чкорчето со мед и запалете го. Природниот мед нема да го попречи процесот на согорување, за разлика од вештачкиот кој содржи вода.
loading...