Вкусни компир крокети од рерна со сос

АКЦИЈА
loading...

Направете вкусни крокети од компир од рерна, кои не впиваат многу масло и се деликатесни.Ова е рецептот кој е брз:

СОСТОЈКИ:

800 гр. компир
150 гр. шунка
100 гр. кашкавал
½ млад кромид
2 јајца
брашно за валкање
маслиново масло
сол
бибер
СОС:
400 мл. кисело млеко
вегета
сол
бибер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Се вари компирот со лушпа, се лупи и се ренда.
Се сече шунката на коцки, кромитчето ситно. Се додаваат заедно со јајца и една лажица брашно и зачини на компирот и се меси додека не се добие еднаква смеса.
Во плех со хартија се става малку масло, па крокети кои претходно ќе ги извалкаме во брашно.
Се печат додека не поруменат на 200 степени.
Служете со сос од киселото млеко, со зачини.

Готви.мк

loading...