На секој му се дешава, то е!

АКЦИЈА
loading...

Многу врева за ништо. Шо се дешава со народот? Шо се дешава со родителите? Банка се нема за леб, се кука и се плука по политиката, државата, проблеми… Врева…Нема деца, а борба беше за трето дете. Преполни градинките, место нема. Со закажвање пред да го родиш треба. Уствари, пред да биди во план, напрај си го ти планО. Значи од прилика колку ќе кошта памперсО, кревтчето, играчките, кашичките и чкртни еден потпис таму в градинка. Биди си ко Господин на чекање.

И од ко ќе порасни то пижлето, од залакО шо си давал за него, ќе го гледаш ќе ти се курнази, ќе ти се дери, ќе те прај глуп оти технологијата напред кизнеј кај ќе биди замината, а ти уште до тачО си стигнат на ајфонО и колку било глупО вашето време, а колку е убо нивното. Колку биле тие паметни, а ние прости. Стандард муабет. И ќе напрај матура, магистерска (ќе фрлиш кркачи по даскалите за да го пуштата оти твоето изузетно интелегентно е), свадба ќе му напрајш и ќе го средиш пицикато, а ко шо тргна до тогаш кизнеј на каков кредит и борџој до гуша ќе се живеј и ваљда чистач ќе бидиш негде. (Уште има време, думајте ја. Оти друго е чистач Гермнија пример, друго е тука). И ќе ти се дрецка од земја то детулето оти на секое пари за излегвање ќе ти бара, вакви и такви костуми, чевли, коли. До тогаш 50 000 фустан/костумО ќе биди и оти ногу убав е, кафе ќе вари. (Море со време отвори си ти некое фризерско, шминкерско оти глеам невестите, матуфантките луди се по тие работи. )

…И така со разни безвезе мислички и хаос во умО ќе се истурка некој живот. Али ко ќе видиш кај си шо си, со колку мака и склет низ сето то си поминал… ќе си се утешиш:„ На секој му се деашва де то е!“

Преземено од Шеталиште

loading...