На 6-ти јуни избегнувајте ја Грција, ќе има нови протести против името на Македонија

АКЦИЈА
loading...

По најновите преговори за името и префрлањето на контактите во Брисел, во Грција се подготвуваат нови масовни протести “против распродажба на името Македонија од страна на Владата”.

Комитетот за организирање на протестите во Солун и Атина веќе контактирал со локалните власти со барање да ги поддржат новите протести кои паралелно треба да се одржат и во неколку други градови.

Протестите ќе бидат поддржани од Пан – Македонската организација а ќе започнат на 6ти јуни во 19.30 часот.

Главната порака до грчките власти на протестите ќе биде дека името Македонија не смее да биде дел од решението и дека грчкиот народ веќе одлучил за ова решение кое владата треба да го испочитува.

Експрес.мк

loading...