Искористете го бајатиот леб и направете колач!

АКЦИЈА
loading...

Ако често ви се случува да ви остане стар леб и не знаете што да правите со него, ви требаат само пет минути за да го претворите во одличен десерт, секако, ако не го сметате печењето.

Додатоците како суво грозје, брусници, суви сливи, одбирајте ги смаи, а комбинации има колку што сакате. И ефтин и брз десерт.

Состојки:

5 кришки стар леб
2 лажици стопен путер
50 г суво грозје или некое друго суво овошје
4 јајца
400 мл млеко
100 г шеќер
1 ванилин шеќер
Мелен цимет
рум

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 175 степени.

Здробете го лебот на помали парчиња и ставете ги во тепсија за печење. Врз лебот истурете ги стопениот путер и сувото грозје.

Во еден сад измешајте ги јајца, млекото, шеќерот, ванилата, циметот и румот се додека не се соединат. Прелијте ја смесата врз лебот и притиснете го со вилушка за да се прекрие целосно со смесата.

Печете околу 45 минути.

Преземено од Арт Кујна

loading...