Република Илинденска Македонија – Соединетите Држави на Револуционерната Воена Америка

АКЦИЈА
loading...

Од сите можни имиња кои Зоран Без Земја можеше да ги смисли, ова за таканаречената „Република Илинденска Македонија“ е најбизарно. Тоа е исто како Соединетите Американски Држави да ги наречеме „Соединетите Држави на Револуционерната Воена Америка“. Целосна бесмислица. Но, ако ништо друго, сега барем конечно знаеме што Заев предлага и конечно – една година по преземањето на власта – имаме транспарентност во неговите позиции. Како што напишав на 18 мај, песната на Заев останува иста – промена на името и идентитетот, како и на Уставот на Република Македонија, иако, во минатото, тој велеше дека нема да смени Уставот. Гркот Зоран ќе остане запомнет како најлошиот премиер во историјата – на светот. Знам дека тоа ќе биде така бидејќи јас лично ќе ја пишувам неговата историја.

Да ги разгледаме подетално будалестите фантазии на Заев. Во саботата Заев конечно ја призна неговата голема тајна пред претседателот Иванов и пред лидерите на политичките партии во Македонија, како и пред јавноста: Република Илинденска Македонија. Според Македонската Информативна Агенција, Заев рече дека новото име ќе го зајакне идентитетот и ќе ја потврди Македонија како мултиетничка држава. Но, има два проблеми со оваа изјава. Прво, ако го смените името, вие го менувате и идентитетот. Тоа е факт, и нашите грчки пријатели ќе работат нон-стоп со цел да го преименуваат македонскиот идентитет во нешто поинакво и различно од „македонски“. Второ, името не ја прогласува Македонија за мулти-етничка држава: тоа го прави Уставот на Република Македонија. Но, изгледа дека Заев има малку почит за значењето на Уставот, како и многу други левичари и прогресивци низ светот кои сметаат дека уставите се само парчиња хартија кои немаат некое особено значење.

Понатаму, тој прави грешка кога вели дека членството во ЕУ и НАТО е гаранција за опстанокот на Македонија. Тие не е никаква гаранција. Единствената гаранција за опстанокот на Македонија се македонскиот народ и Уставот на Република Македонија. Кога луѓето полагаат надеж во странски институции, набргу потоа следуваат стагнација и смрт. Кои се гаранциите дека ЕУ и НАТО ќе продолжат да постојат, особено по Брексит, по најавите на други членки на ЕУ дека сакаат да ја напуштат Унијата, по големиот судир меѓу Турција и Грција, под притисоците на Русија и, во помала мерка, Кина, кои би биле среќни ако НАТО го снема? Животот не дава гаранции, но најдобрата шанса за натамошниот опстанок на Македонија е македонскиот народ. Важно е тоа што Заев сега ќе работи на менување на Уставот на Република Македониа, на промена на името, идентитетот, јазик и црквата – се што носи предзнак „македонско“ ќе треба да се смени. Заев или не сфаќа што прави, или е безумно и свесно го отфрла овој факт.

За среќа, опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ рече дека се спротиставува на менувањето на Уставот, а и други организации, особено во дијаспората, го прават истото. Според анкета на Обединетата македонска дијаспора, над 90 проценти од Македонците се против менување на името, Уставот, идентитетот, јазикот… Очекувам дека наскоро ќе видиме се повеќе и повеќе Македонци, во и надвор од Републиката, кои ќе се изјаснат против овој предлог.

Конечно, тука е и грчката страна. Според англиското издание на грчкиот весник Катимерини, повеќето од политичките партии во Грција се против предлогот. Според Нова Демократија, која во анкетите води со 10 процентни поени пред Владата на Алексис Ципрас и неговата партија СИРИЗА (чие име буквално означува Коалиција на радикалната левица), „било кое спомнување на Илинден во името на соседната држава значи дека нема да се стави крај на иредентизмот на Скопје, туку напротив, тој ќе се потврди и зајакне“. Дополнително, „има спротиставување на предлогот и внатре, во самата СИРИЗА“. Па така, дури и Ципрас и неговата Влада да речат дека го прифаќаат предлогот, ќе биде тешко тој да биде протуркан низ грчкиот Парламент (помалиот коалициски партнер на Ципрас, министерот за одбрана Панос Каменос, исто така рече дека неговата партија Независни Грци никогаш нема да прифатат име со зборот „Македонија“ во него).

Особено гнев мора да се искаже кон таканаречените „експерти“, кои бегло ги следат настаните во Македонија и во регионот, најчесто базирани во некоја академска институција, медиум или тинк тенк во Лондон, Вашингтон, Њујорк, Виена.., и најчесто поминале малку време во Македонија. А и тоа време што го поминале тука, го поминале со лица кои веќе ги делат нивните погледи на светот, и се она што американскиот писател Џона Голдберг го нарекува „Либерални фашисти“. Тие твитаат во поддршка на се што ќе тропнат Заев и неговата влада, без да имаат обзир за ставовите на македонскиот народ. Огромно мнозинство од нив се нарекуваат себеси „граѓани на светот“, го мразат секој Британец што гласал за Брексит, или секој Американец кој ги поддржува Трамп и Републиканската партија. Тие го презираат националниот идентитет, и сшаѓаат во категоријата што Насим Николас Талеб ја нарекува „интелектуалци, а сепак идиоти“, иако за многумина од нив би рекол дека е спорно дали воопшто се интелектуалци. Тие ни проповедаат на теми за кои малку знаат, и претпочитаат таканаречени решение без воопшто да размислуваат за нивните последици. Ова се навистина зли луѓе.

Неделите и месеците што доаѓаат се критични. Сега време е патриотите кои ја сакаат Македонија и македонскиот идентитет да станат, за да се преброиме.

пишува за свест.мк: Џејсон Мико

loading...