Нова навивачка песна за Вардар, слушнете ја! (ВИДЕО)

АКЦИЈА
loading...

Македонските ракометни шампиони, ракометарите на Вардар добија уште една спортска химна. Овој пат новата навивачка песна носи наслов „Песна за Вардар“ и се појавува на денот на фајналфор турнирот во Келн, каде црвено-црните го играат мечот за финале, против францускиот Монпелје.

Овој пат се работи за своевидна споортска рок химна, песна која е наменска, навивачка,посветена токму на екипата на нашиот европски ракометен шампион, направена во рок манир.

Автор на музиката и аранжманот е Стевче Грозданов, додека стиховите се дело на Огнен Неделковски. Песната е снимана и миксана во студиото Ентерпрајз и Ентерпрајз 2 на Валентино Скендеровски, а темата „Песна за Вардар“ ја изведува скопското дуо „Коктел“.

Со надеж дека ќе им донесе среќа на вардарци за пласман во финалето на ракометната ЛШ, а потоа и одбрана на титулата европски прваци, Вистина.мк ексклузивно ја промовира, а истата можете да ја преслушате во продолжение.

 

loading...