Груевски преку Фејсбук му врати на Талат Џафери

АКЦИЈА
loading...

Груевски се обрати на фејсбук за Талат Џафери

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во интервју за српската Н1 телевизиjа запрашан за неговиот личен однос со експремиерот Никола Груевски изјави дека против него нема ништо лично.

„Јавните личности се сами одговорни за нивното однесување во јавноста. Нападот е одраз на психолошка криза со оглед на тоа дека многу процеси за кривични дела се водат против него, како и неговата смена од претседателската функција во партијата. Сето тоа беше причина за во дадениот момент тој да не може да се исконтролира себе“, рече Џафери.

Никола Груевски на неговиот Фејсбук профил одговори на изјавата на Талат Џафери дека бил во психолошка криза.

„Читам Талат изјавил дека сум бил во психолошка криза.
Познавајќи го секогаш кога некој ден нема доволно да се дезинфицира, добива апстиненцијална криза и вака се однесува.
Не му се лутам. Не е за лутење“ напиша Никола Груевски на неговиот Фејсбук профил.

 

loading...