ЕДЕН МИЛЕНИУМ ДЕГРАДИРАЊЕ: Треба да одбележуваме 1500, а не 1000 години од формирањето на Охридската црква

АКЦИЈА
loading...

Пишува: Д-р Петар ПОПОВСКИ

ОХРИДСКАТА ЦРКВА Е ОСНОВАНА 535, А НЕ 1018 ГОДИНА!

Како е можно да славиме “1000 години Охридска Архиепископија“, кога нашата Света Црква не е основана во 1018-та, туку многу порано во 535-та година! За 17 години, во 2035-та треба да одбележиме 1.500 години од формирањето на Охридската Црква!

Основањето на Охридската Архиепископија е извршено со Свето Папско Послание на Папата Виргилиј (531-562), а на молба на Македонскиот Император Јустинијан I (родено име: Петар Кристо Саватиев).

Престојната мајска прослава “1000 години Охридска Архиепископија“ претставува провокација за нашата Света Црква, бидејќи е Прва и единствена Апостолска Црква во Европа, а потоа и Мајка Црква на сите помесни цркви во христијанскиот православен свет!

Претходно, Папата Гргур V (966-999) на молба на Македонскиот Цар Самоил, со Свето Папско Послание во 999 година, Охридската Архиепископија ја унапредил во Патријаршија!

Спомнатата 1018-та година, впрочем, се смета за погубна за нашата Света Црква, бидејќи тогаш Императорот Василиј II на Македонското (Средновековно) Царство (од Западот намерно и тенденциозно преименувано во “Византија“), откако го освоил Царството на Цар Самоил, Охридската Патријаршија Македонија Прва ја деградирал во Архиепископија.

За волја на вистината, Македонскиот Цар Василиј II не го сторил тоа од задоволство, од презир или суета, туку поради законите коишто не допуштале во Царството да има повеќе од еден Цар и еден Патријарх. А во негово време за врховна државна црква се сметала Цариградската Патријаршија, под чие ведомство биле: Никејската, Ерусалимската, Кипарската и Александриската Црква. Затоа пак, Македонскиот Цар Василиј II, Охридската Архиепископија ја прогласил за независна и и’ придодал уште 12 епархии и други привилегии.

И покрај тоа деградирање, во духовните кругови и во писмената комуникација и документација, Охридската Црква и натаму била титулирана како Патријаршија, бидејќи деградирањето било извршено по државна, а не по црковна линија, што се косело со евангелските правила и канони.

Ете, тоа е накусо за вистината на Охридската Архиепископија односно Патријаршија!

Ова што сега се случува со нашата Света Црква, би можело да се рече, дека се прави од незнаење на архиереите за историјата на Црквата на која и’ служат. Меѓутоа, гледајќи и’ на вистината во очи, најавениот јубилеј не се однесува на “1000 години Охридска Архиепископија“, туку на “1000 години од неканонското деградирење на Охридската Патријаршија во Архиепископија“. Тоа незнаење или тенденциозност е некоректно и навредливо за Македонскиот православен свет и воопшто за Македонија и Македонскиот народ.

Македонците си ја знаат и си ја почитуваат својата историја и историјата на својата Света Црква, на Охридската Патриајршија Македонија Прва! Амин!

loading...