Верстапен не ги знае сите знамиња, ама македонското го погоди за секунда (ВИДЕО)

АКЦИЈА
loading...

Пред трката за големата награда на Монако, двајцата возачи на “Ред Бул”, Рикардо и Верстапен денеска ги забавуваа обожавателите на Формула 1.

Тие си поставуваа прашања за тоа која им е омилена трка, каде би сакале да отпатуваат, што е најглупавата работа која ја направиле…

Еден од последните предизвици беше погодувањето на државни знамиња, па во листата се појави и македонското знаме.

Рикардо ја покажа сликата, а Верстапен експресно одговори “Маcedoniaaa”, на што Рикардо рече дека тој е навистина добар.

Очигледно во светот не’ препознаваат како Македонија повеќе отколку што мислиме. Навистина не мора да им отежнуваме со ново државно име, нели?

loading...