Папата рекол дека ќе се моли за Македонија

АКЦИЈА
loading...

Папата рече дека ќе се моли за Македонија и за иднината на целиот регион, напиша министерот за култура Робер Алаѓозовски под фотографијата со Папата Франциск објавена на социјалните мрежи.

Алаѓозовски беше дел од владината делегација што денеска оствари средба со Папата и со државниот секретар Пјетро Паролин, во Светата Столица во Рим. Посета се случува традиционално во рамки на програмските активности на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“. Делегацијата ја предводеше премиерот, Зоран Заев кој за време на средбата, го повика Папата Франциск да ја посети Македонија.

loading...