Вистинската Албанија не е оваа на Балканот? Еве која била првата (ФОТО)

АКЦИЈА
loading...

Преземено од Маркукуле

Кога ќе се спомне Албанија, сите помислуваат на државата која се наоѓа на Балканот, западно од Македонија и која се граничи со Црна Гора и Грција. Оваа Албанија прогласила независност во 1912 година, но многу векови пред неа постоела Кавкаска Албанија, за која многу луѓе не знаат.

Кавкаска Албанија била првата и вистинска Албанија, која настанала во втор век пред нашата ера и се наоѓала на регионот на источен Кавказ. Ја зафаќала територијата на денешен Азербеџан.

Околу првиот век п.н.е. земјите јужно од Голем Кавказ и северно од Мал Кавказ биле поделени меѓу Колхида на запад, Кралството Иберија во средиштето и Кавкаска Албанија на исток.

Албанија на Кавказ се наоѓала на источните падини на оваа планина, меѓу Касписко море и врвот Кавказ. На нејзината јужна страна се наоѓал Апшеронскиот полуостров, на кој сега се наоѓа градот Баку.

Јужниот дел на таа античка Албанија сега му припаѓа на Азербеџан , а северниот на Русија. Постоел еден град со име Албан на брегот на Каспиското море. По името на овој град името го добила и земјата.

Во предисламско време, Кавкаска Албанија опфаќала поширок регион од оној по појавувањето на исламот.

Главниот град на Кавкаска Албанија бил Кабалак, а во петти век главниот град е преместен во Партав.

Со ова целосно се оспорува теоријата дека денешните Албанци се потомци на Илирите, како што тие сакаат да се нарекуваат.

loading...