Твитер заедницата го прекрсти Мицкоски во Жмицко

АКЦИЈА
loading...

Не стивнуваат реакциите по синоќешниот дуел меѓу лидерите на власта и опозицијата, Зоран Заев и Христијан Мицкоски. Социјалните мрежи се преплавени со коментари за дебатата, а преовладуваат такви што го критикуваат недостатокот на квалитетна дискусија и издржана аргументација.

Лидерите повеќе се напаѓаа и обвинуваа меѓу себе, наместо да дебатираат за реални политики од корист на општеството. Меѓу коментарите не изостанува хуморот, па твитер заедницата го прекрсти Мицкоски во Жмицко, поентирајќи дека новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ се однесува многу слично на неговиот претходник (кого твитер заедницата го нарекуваше #Ж). Ги пренесуваме твитовите кои на најдосетлив начин ја доловија суштината.

Фокус.мк

 

loading...