Состојки:
4 големи компири
1 филџан брашно
1 филџан рендан кашкавал
1 жолчка
половина пакетче путер
150 гр. шунка
сол
Начин на приготвување:
Сварете ги, излупете ги и пасирајте ги компирите. Потоа додадете ја жолчката, брашното, кашкавалот, саламата (ситно исецкана) и сол по вкус. Направете тесто од кое ќе ги обликувате топчињата со големината на орев.
Ставете ги топчињата во загреаниот путер се додека не поруменат.
На здравје!
loading...