Судот ја реализираше нарачаната пресуда со затворски казни за случајот „Тенк“

АКЦИЈА
loading...

Очекувана пресуда за случајот „Тенк“. Она што денеска судот го изрече – 2 години затвор за експремиерот Никола Груевски и 6 години и 6 месеци за помошник министерот Ѓоко Поповски се очекуваше. Груевски во изјава за медиумите пред околу 15-тина дена истакна дека Зоран Заев направил одреден договор со главниот судија во процесот за „Тенк“ и „Поткуп, за негово осудување.

–Дека тој нејзе ќе и овозможи да напредува, да стане судија на Апелациониот суд, а веднаш потоа и претседател на Апелациониот суд, а дека за возврат тој ќе биде прогласен за невин во случајот „Поткуп“, каде што има еклатантни докази, со ПИ мерки, изјави Груевски.

Груевски кажа дека договорот е и тој да биде осуден.

Во завршните зборови во случајот „Тенк“, Груевски истакна дека процесите кои се водат од СЈО против него и неговите соработници се класични и чисти политички судења.

Според екс премиерот целокупната операција за рушење на неговата власт траела неколку години со цел да се промени уставното име на државата. Тој потенцира дека судот под притисок нелегално стекнатите снимки мора да ги третира како легални, иако тоа е спротивно на законот.

-Овој фабрикуван предмет, во кој нема никакви докази против мене, се одвиваше мошне брзо, можеби најбрзо во историјата на македонското судство од независноста до денес. Почна во февруари, завршува во мај. Во предметот сум обвинет за сакање. Сум сакал да се набави блиндирано возило бидејќи сум сакал да се возам во него. Сум остварил корист оти ме возеле, не во една туку во друга кола, од истата марка. Генерации на наши потомци ќе се чудат за што бил обвинет поранешниот премиер, пред да разберат дека станувало збор за политички прогон, кажа Груевски.

Во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, се наведува дека политичкиот суд на СДСМ ги реализира нарачките на криминалниот картел, само за да направи дефокус на јавноста од грабежот кој во моментов се одвива во Република Македонија.

–Тоталното осиромашување на граѓаните е проблемот кој Заев го турка под тепих со монтираните судски случаи. Повисоки пензии нема, но затоа има пренос во живо од нарачани политички пресуди. Нови инвестиции и капитални проекти нема, но затоа послушните судии се расфрлаат со политички казни нарачани од криминалниот картел. Судството работи по двојни аршини, луѓе како Заев, кои флагрантно се фатени во криминал се ослободуваат, а луѓе кои чесно работеле ниту за себе обезбедиле против-правна имотна корист се осудуваат со драконски казни. Правосудството во Република Македонија го живее својот најсрамен период. Република Македонија е единствена држава во Европа со политички затвореници. Вакви процеси на политички прогон има само Северна Кореја, а можеби ни таму, стои во соопштението од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека државата е киднапирана од картелот на власт, а судството е под заробеништво лично на Зоран Заев. Република Македонија со вакво судство не може да се придвижи ни чекор кон ЕУ и НАТО.

Многумина лица, блиски до СДСМ, но и до обвинителите и судиите, веќе во неколку наврати ја најавија пресудата против Груевски. Последен пример е статусот на братот на судијката Оља Ристова, а воедно и пријател на обвинителката Ленче Ристовска, Боби Илиевски.

loading...