Направете здрав и супер вкусен чипс од тиквици

АКЦИЈА
loading...

Подгответе здрава варијанта на омилените грицки!

СОСТОЈКИ:

1 голема тиквица
50 гр сусам
100 гр пченкарно брашно или презла
малку млеко
сол
малку лук во прав
слатка или лута пипер во прав
малку рендано тврдо сирење
хартија за печење
малку масло

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Тиквицата исечкајте ја на тенки кругови. Круговите тиквици посолете ги и оставете ги 30 минути да отстојат во сол.

Измешајте ги сите суви состојки.

Ставете малку млеко во една чинија. Тиквиците исцедете ги. Секој круг тиквица потопете го во млеко, па од двете страни извалкајте ги во смесата од суви состојки. Притиснете добро да се залепат.

Потоа круговите наредете ги во тепсија обложена со хартија за печење. Прокапете малку масло ако сакате. Печете 10 минути на 200 степени. Свртете ги круговите на другата страна и печете уште 10 минути додека не станат златни.

 Готви.мк

loading...