Македонско писмо откриено во Кина

АКЦИЈА
loading...
Автор: Бранко Сотировски – (Sūkè ) 苏克

ЗЕТА МАКЕДОНИЈА МАНЏУРИЈА – Внатрешна Монголија

Xiajiadian – македонска култура на територијата на денешна Kина 夏家店下馬其頓文化. Најзначајно археолошко откритие во кина во 2009 година. Град изграден од камени ѕидови во раниот период на Xiajiadian во регионот Sanzuodian во градот Chifeng, кој се наоѓа во источниот дел на Автономниот регион Внатрешна Монголија, претходно познат како Манџурија (Манџурија е македонски топоним со значење Мајка – почва хранителка).

Градот Chifeng, Внатрешна Монголија, Кина

Во североисточниот дел на Кина, која се наоѓа во југоисточниот дел на Внатрешна Монголија, северен Хебеј и западен Лијанинг, Кина. Според археолошките пронајдоци, автохтоното население од овој регион, пред минимум 4000 г. се занимавало со земјоделство и сточарство. Одгледувале просо и чувале домашни животни, свињи, овци, крупен добиток, кучиња и др. Ловот на диви животни бил развиен во однос на забава и верски ритуали. Населението било густо населено.

Пронајдени се артефакти од камен, коски и керамика, а исто така се пронајдени златни и оловни предмети, лакови, жад, бакар и бронзени артефакти, најчесто пронајдените артефакти од бакар и бронза се обетки.

Луѓето биле одлични градители на одбрамбени ѕидини и куќи од камен и кал. Ѕидовите не се дебели. Ѕидови со караули биле изградени во седвич од камен со земјено јадро. Пронајдени се околу 50 утврдени локации во таа област.

Ѕидови зајакнати со караули, регионот Чифенг, Внатрешна Монголија.

Меѓународниот колаборативен археолошки истражувачки проект (CICARP) (Chifeng 2003; Linduff et al., 2004), изврши детално истражување на регионот Чифенг. Регионот се карактеризира со ридска топографија (550-1500 м.н.в.) испресечен со широки долини.

МАКЕДОНСКИ НАТПИС НА ГЛИНЕНА ПЛОЧКА

4.000 години стари симболи пронајдени на керамичка плочка.

Керамичката плочка откопана е во урнатините од раниот период на Xiajiadian во градот Chifeng.

Урнатините, со површина од над 10.000 квадратни метри, беа ископани од институтот и универзитетот Џилин. Нивното мислење е: „Симболи напишани на коски од пред околу 3.000 години во династијата Шанг, може да потекнуваат од керамичкиот натпис пронајден на овој локалитет”.

Нивна претпоставка е дека зборовите кои се напишани на плочката се поврзани со жртвени активности.

4.000 години стари симболи пронајдени на керамичка плочка Фото: kaogu.cn, Xinhua, фебруари 12, 2018.

Глинената плочка испишана со мастило, за кинеските научници претставува, според нивната претпоставка, најстариот доказ за почетоците на формирање источно-азиски симболи за комуникација. Овие се дури постари од источно-азиските (Chinese: 甲骨文) симболи напишани на коска, пронајдени во Yinxu site (in modern Anyang, Henan Province) 2.000 г македонска ера пред преименувањето на македонска вера во христијанска религија.

Овие симболи, според кинеските научници, се директни претходници на денес современите кинески симболи.

Американскиот мисионер Френк Х. Чалфант (1862-1914) во неговата книга “Рано кинеско пишување” од 1906 година. Во своите книги, тој го опишува настанокот на кинеските симболи врз основа на една претпоставка дека пред кинеските симболи не постоело друго писмо. Според него, симболите настанале со стилизација на предметите од природата.

Кинеските научници потполно се во право, кога велат дека овие симболи се почетоците на изработка на кинеските симболи. Зошто? Затоа што автохтоното население не само на истокот од Азија, туку во цела Азија, се авторите на кинеските симболи. Пронајдените артефакти од археолозите, претставуваат материјално сведоштво на една високо развиена култура. Нивното датирање се одредува од тим на научници ширум светот. На тој начин се доаѓа до заклучок за самите почетоци на културниот развој. На артефактите се препознаваат цртежи, симболи, апстрактни геометриски слики и фигури. Најчесто формите се изработуваат со слова ЦУТНИ (кирилица и латиница) во вид на ЛИГАТУРА, како скриена порака на создателот, што сведочи за високо развиена наука и култура.

Лигатурата може да се дешифрира само со словата цутни и на македонски јазик, кои образуваат зборови и мисловни концепции. Според ова, можеме со сигурност да заклучиме дека автохтоното население во Азија е македонскиот народ. Тој живее со помали племенски групи, кои ја прифатиле македонската култура. Македонското писмо ЦУТНО (кирилица и латиница) и начинот на пишување на мал простор со лигатури се основа за изработување на источно-азиските симболи.

На плочката пишува: „И У УЈ ИЛИ И ИС Л’С“. Транскрибирано на современ македонски јазик значи: И СО НОВОТО СОНЦЕ-ИЛИ СЕ ПОЈАВУВА ИС-ИСУС ВО ФОРМА НА СОНЧЕВИ ЗРАЦИ „Л’С“.

Дешифриран текст.

Книгата „Зета Македониа 400.000 г. писменост, македонска цивилизација на пет континенти, традиција до денес“, во склоп на македонската култура ја објаснува исконската македонска вера и писмо:

„МАКЕДОНСКО ПИСМО“

Писмото и јазикот се создадени во согласност со природата, тие се природна појава, тие се меморија на природата, а самото писмо претставува визуелно претставување на говорот. Како што вели истражувачот Одисеј Белчевски, во едно свое интервју, јазикот е „директно создаден од концептот за сфаќањето на природата. Тој е генијален, грандиозен концепт создаден токму од природата.“

… ДОЧИТАЈТЕ ГО ЦЕЛИОТ ТЕКСТ НА МАКЕДОНСКА НАЦИЈА

loading...