Клоп за дефанзивецот на Реал: Марсело не знае да игра одбрана

АКЦИЈА
loading...

Легендата на Ливерпул, Роби Фаулер, имаше можност да го интервјуира Јирген Клоп за весникот „Мирор“ во пресрет на големото финале од Лигата на шампионите. Германецот е свесен за една од слабостите во играта на Реал Мадрид, но исто така и знае дека нема да биде нималку лесно тоа да се искористи за да се стигне до победата.

„Да зборуваме реално, сите гледаат и тоа е очигледно – Марсело е одличен офанзивен бек, но не знае да игра одбрана на највисоко ниво. Некој ќе каже, го имате Салах на таа страна, ќе го мине Марсело и ќе даде гол… но не е така едноставно – тие го имаат Серхио Рамос кој веднаш удвојува на таа страна. Едно е да се разговара лаички, но реалноста во фудбалот е сосема поинаква, Реал даде два гола од четири шанси, Баерн само еден од осум ситуации, па ете тимот од Мадрид е во финалето. Да бидеме реални, тоа е одличен тим, кој бил европски првак три пати во последните четири сезони, а ние сме свесни колку ќе ни биде тешко во финалето“ – изјави Клоп.

Според стратегот на Ливерпул, самодовербата е клучниот фактор што им носи успех на фудбалерите на Реал Мадрид.

„Имате шанса против нив, некогаш и ќе дадете гол за водство, а тие не менуваат буквално ништо. Ниту еднаш ги немам видено да испаничат, продолжуваат да играат исто бидејќи знаат дека можат да се вратат, дека тие од првата своја ситуација ќе постигнат погодоци. Затоа, мора да имате што повеќе погодоци за да стигнете до позитивен резултат, а нашата ефикасност во финалето мора да биде на највисоко ниво“ – порачува Јирген Клоп.

loading...