Се воведува државна награда за Денот на албанската азбука

АКЦИЈА
loading...

Се воведува државна награда за Денот на албанската азбука – 22 ноември. Ова го предвидуваат измените на Законот за државните награди, кои денеска беа донесени на 46-та собраниска седница.

Денеска во Собранието, пратеничките групи го поддржаа и Законот за поддршка на млади при купување на музички инструменти. Сепак, главната дебата меѓу пратениците се водеше за тоа кој го предложил овој закон.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека тоа била Владата на поранешниот премиер и поранешен нивни партиски претседател Никола Груевски во март 2016 година, додека пратениците од СДСМ тврдеа дека ова е комплетно нов закон и оти е предложен од актуелната Влада на премиерот Зоран Заев.

Претходно беа донесени измените на Законот за животната средина, додека за Законот за заштита на природата и за Дополнетиот предлог закон за измените и дополнувањата на Законот за лекови и медицински средства по расправата не се гласаше поради немање кворум.

Канал77

loading...