Полнети пиперки, ама со сирење и сланина – Мора да пробате!

АКЦИЈА
loading...

Лесно се подготвуваат, а ќе ве воодушеват со богатиот вкус!

СОСТОЈКИ:

300 гр сирење
2 јајца
10 пиперки
1 домат
200 гр сланина Пекабеско
2 лажици гриз или брашно
масло

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Измешајте сирење и јајца, додајте гриз и сè изедначете. Пиперките измијте ги, извадете ги семките, па малку расечете ги по должина. Полнете ги со сирење и затварајте ги со кругови домат.

Свиткајте ги во тенки листови сланина и редете ги во намастен плех. Печете ги пиперките на 200 степени 30-40 минути, додека убаво не поруменат.

Готви.мк

loading...