„Нова Македонија“ има нови сознанија за несреќата на Кајмакчалан?

АКЦИЈА
loading...

Весникот „Нова Македонија“ одговори на прозивките од Атанас Димитров што беа објавени и во „Слободен печат“ во врска со молкот, со кој е обвиена истрагата за смртта на двајцата планинари Калина Велевска и Александар Миновски при искачувањето на врвот Кајмакчалан, во февруари годинава.

Еве што пишува во одговорот на „Нова Македонија“, насловен „Никогаш не сме застанале во потрагата по вистината за загинувањето на Калина и Александар“:

„Нова Македонија“ активно се вклучи во новинарско истражување на сите елементи од оваа трагедија при што дојдовме до цела низа сознанија од кои дел ги споделивме со јавноста веднаш по нивното утврдување. Со официјалното почнување на истрагата, кое се совпадна со замолницата од нивните семејства кон нас како медиум, во нејзин интерес решивме сите новинарски истражувања да не бидат прекинати, но во соодветниот момент кога условите тоа ќе го дозволат да бидат објавени. Во исто време, во интерес на вистината и на доаѓање до фактите, „Нова Македонија“ пред јавноста одговара за своите постапки и е подготвена истите тие да ги сподели со јавноста, односно со надлежните институции.“

„Нашиот истражувачки тим во повеќе наврати престојуваше на повеќе локации во Грција, каде што разговараше со претставници на сите спасувачки екипи, при што сме добиле соодветни одговори, сме имале средба со правни експерти, како и средба со луѓе блиски до лицето, кое не припаѓа на ниедна од трите спасувачки служби, а кој единствено се спуштил до Калина и Александар додека биле живи, добивме соодветни документи од надлежните грчки служби, дојдовме во контакт и добивавме релевантни сознанија од Светската планинарска асоцијација, а презедовме и низа други активности, преку кои посредно и непосредно доаѓаме до релевантни сознанија за вистина за она што се случило на Кајмакчалан.

За волја на вистината за обелоденување на сите овие факти сѐ уште не се созреани условите.“

Целата сторија можете да ја прочитате на следниов линк.

loading...