Ибраими: Штетата за која не обвинува Фатиме Фетаи е 75 отсто од нејзината плата

АКЦИЈА
loading...

Штетата за која не обвинува Фатиме Фетаи во случајот „Титаник 2“ е 75 отсто од платата што обвинителката ја зема, рече Бедретин Ибраими обвинет во предметот за договарање гласање во ДИК со цел прегласување на едно избирачко место во Општина Струмица на локалните избори во 2013 година.

Тој прво воведните говори рече дека всушност не направена штета на државниот буџет зошто локалните избори ги покриваат општините, а на сметка на државниот буџет е само печатењето на гласачките ливчиња и нивниот транспорт.

Така, потенцираше Ибраими, ако воопшто е направена штета тогаш таа изнесува само 14.682 денари.

– Целта е политичка, со цел да се стигне до што поголем број на држани органи и функционери, да се остави впечаток дека во државата се е растурено и оти од небо ни е испратено СЈО како спасител да го спаси правниот систем на државата – рече Ибраими.

Тој потенцираше дека во постапката ќе докажат оти обвинителниот акт се заснова на непостоечки докази.

Покрај него обвинети во предметот се и поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, лидерот на ДПА Мендух Тачи. На обвинителна клупа во овој предмет на СЈО седат и други поранешните членови на ДИК: Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

Плусинфо

loading...