ВИДЕО: Заев доби ослободителна пресуда за случајот „Поткуп“

АКЦИЈА
loading...

Кривичниот суд донесе ослободителна пресуда за премиерот Зоран Заев во случајот „Поткуп“. Според пресудата, обвинителството не успеало да докаже дека Заев сторил кривично дело примање поткуп.

Заев претходно изјави дека не се чувствува виновен. На минатото рочиште Обвинителството го преквалификува обвинението за Заев со друг став за кој е предвидена поблага казна. Toj е обвинет за ветување дека ќе прими поткуп, за што е предвидена казна од 1 до 5 години затвор, а со старото обвинение беше обвинет за примање поткуп за што најниската казна беше 5 години.

Обвинителката Валентина Бислимовска на завршните зборови на 15 мај рече дека Заев не примил пари за поткуп. „Во истрагата и од исказот на сведокот Иван Николов, кој беше дециден дека не дал пари, а Зоран Заев не примил подарок, е утврдено дека таквата последица не настапила“, рече обвинителката.

 

loading...