Среќен сум што ја докажав мојата невиност и дочекав правда

АКЦИЈА
loading...

Среќен сум затоа што довив ослобителна пресуда и конечно ја докажав мој невиност и дочекав правда, рече премиерот Зоран Заев по објавувањето на пресудата за случајот „Поткуп“.

Очекуваме жалба. Очекував ослобителна пресуда, беше логично затоа што се докажа тоа во судската постапка од презентираните докази, рече Заев.

Тој побара од институциите јавно да ја објават целата снимка од ПИ-мерките и рече ако му ја достават, тој самиот ќе ја објави за да се види дека не барал поткуп.

-Се што сум правел во Струмица беше транспарентно. Апелирав да донираат, да бидат пример за граѓаните, рече Заев.

loading...