Сестрата на Катица два пати ја бркале од работа во Царинска управа

АКЦИЈА
loading...

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Невенка Стаменковска, тврди дека Лилјана Делиџакова, која е предложена за портпретседател на Комисијата за хартии од вредност и која е сестра на јавната обвинителка Катица Јанева, на денешната собраниска расправа рече дека Делиџакова била на два пати бркана и суспендирана од работа во Царинската управа.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се побунија што биографијата на Делиџакова денеска им е доставена на службените мејлови, иако предлогот на Владата влезе во собраниска процедура пред речиси еден месец.

Според Стаменковска, Делиџакова дала изјава дека не е член на политичка партија, изјава која е заверана на нотар неколку дена откако Владата донела одлуката да ја предложи за член на КХВ.

-Изјавата дека не е член на политичка партија е дадена на 16.02.2018, истата изјава во Гевгелија на 24.04 е заверена на нотар, а на седницата на Влада на 17.04 е донесена одлука да ја изберат за заменик претседател – рече Стаменковска и додаде дека Делиџакова воопшто се нема пријавено на конкурсот.

Фокус.мк

loading...