Видео – Дурловски на сцена помоќен од било кога во „Турандот“

АКЦИЈА
loading...

Игор Дурловски синоќа триумфира на сцената на Македонска опера и балет (МОБ), кога по брилијантната изведба на Тимур од операта „Турандот“ излезе да ѝ се поклони на публиката, а таа му возврати со овации и со долготрајно скандирање на неговото име.

„Игор, Игор“ ечеше во МОБ додека светски познатиот бас од Македонија им отпоздравуваше на љубителите на оперската уметност што дојдоа да го проследат неговото големо враќање на сцената во рамките на 46. Мајски оперски вечери.

Ова беше прв настап на Дурловски по сите премрежиња со повеќемесечниот затворски, а потоа и домашен притвор како еден од осомничените за настаните од 27 април минатата година во Собрание.

Еден од лидерите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, од 28 ноември 2017 година до 26 јануари годинава беше во истражниот затвор во Шутка, а потоа до 26 март во куќен притвор за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата“.

И самиот Игор Дурловски се обрати на јавноста на својот фејсбук профил:

“Вчера беше можеби најважниот ден од мојата пејачка кариера. Трема, емоции, љубов… Дадов се што чував во себе а добив исто така СЕ!

Благодарам на колегите за соработката и искрените гушки и бакнежи, благодарам на директорката Чадловска за можноста да се вратам на сцена во специфичен период од мојот живот а најмногу благодарам на публиката која што со искреност го пречека моето враќање на сцената на МОЈАТА МОБ”.

Дурловски е поранешен директор на МОБ и експрофесор на Факултет за музичка уметност во Скопје. Тој заедно со неговара сопругата Ана Дурловски, која исто е сопран од светски глас, имаат исклучително успешна меѓународна кариера.

loading...