Одвојувај макар и неколку минути на ден само за себе- духовни лекции од Индија

АКЦИЈА
loading...

1. Не биди никаде освен тука
Не брзај се за никаде. Не е потребно да бидеш таму каде што ти е добро. Ако чувствуваш дека си некаде каде што не треба, стани и оди таму каде што ти вика внатрешниот глас. Но не заборавај дека за да најдеш, не е задолжително да одиш некаде. Тоа е многу тенка граница. Клучот е во постојаното присуство.

2. Дозволи на сето да се случува
Не обидувај се да ги контролираш луѓето и настаните. Не планирај, не чекај, само посакувај. Разлабави го стисокот. „Научи да ја задржиш паузата во која ништо не се случува.“ Дозволувај на луѓето да доаѓаат кај тебе, а на настаните – да се случуваат. Тие не ти се случуваат случајно.

3. Давај слобода
Овозможиси ја слободата да бидеш свој, а на другите – да бидат други. Запамети дека секој си има свој пат и свои лекции. Ако патиштата ви се припојат – одлично. Но ако се разминуваат – тоа е исто така добро. Бидејќи сè и секогаш е за добро. И за тебе, и за него и за неа и за сите.

4. Не се плаши
Од ништо. Никогаш. Не се движи по вообичаениот пат. Скршни од патот. Ако сметаш дека треба да кажеш нешто или да направиш нешто – направи го. Не си дозволувај формалности од ваков вид на „имам билет за враќање“ или „немам доволно пари за тоа“. Не се плаши за физичкото тело. Запомни: ти секогаш си во утробата на мајката Универзум. Зарем нема таа да се погрижи за тебе? Избери да бидеш ослободен од стравот.

5. Помалку е повеќе
Не обидувај се да имаш сè и веднаш. Дури кога ти се чини дека немаш ништо – секогаш имаш нешто. А за она што не ти достигнува протегнија раката кон пријател, брат или неслучајниот минувач. Биди умерен во сè.

6. Не се потпирај на луѓето
Инаку нема да го добиеш своето искуство. И така никогаш неможеш да останеш сам, зошто каде и да одиш, ќе најдеш луѓе. Твои луѓе кои ќе те исполнуваат, ќе те инспирираат, ќе те учат. И запомни: ако немаш пат со некого, не трчај по него.

7. Пуштај. Секогаш пуштај
Со насмевка. Со љубов. Сè и секого. Но никогаш не се збогувај. Бидејќи никогаш ништо не е последно. Кажи: „Благодарам и до нови средби.“

8. Биди вода
Помни го принципот на бранот – бранот доаѓа и бранот си оди. Ова се однесува на сè – состојби, пари, луѓе, предмети. Има плима има и осека. Ништо не е статично. Ние живееме во светот на движењето. Не се потопувај во една или во друга состојба – тоа ќе се промени. Ништо не може да ја задржи, па не се обидувај. Подобро биди благодарен во оваа секунда за она што е.

9. Слушај го внатрешниот глас
Тој е со три чудесни знаци! Слушај ги советите на другите, но прави го она што го чувствуваш дека е правилно. Помислиси : Ако јас ги слушав другите за ова патување, тогаш тоа немаше и да постои – а тоа е патувањето на мојот живот. Јас никогаш немаше да препливам до другиот брег на Ганг.
Слушај се себеси. Секогаш.

10. Доверувај се
На луѓето на вселената, на Бога. Довери се на тоа дека сè во твојот живот се случува по најдобар начин за тебе. Дури и кога ти се чини дека полошо неможе да биде. Може.
„Божјото отфрлање е Божјата заштита“.

11. Одвојувај макар и неколку минути на ден само за себе
Медитирај, цртај, напиши, прошетај се меѓу природата или едноставно биди во тишина. Дури и неколку минути ќе ти помогнат да разбереш што ти е потребно а што е инспирирано од други луѓе, од твојот ум, од илузиите …

12. Сакај се себеси
Почитувај ги желбите, твоето тело. И запомни: ти можеш да го имаш сето тоа. Не е потребно да одбереш: работа по срце или работа за пари; односи, во кои ти сакаш да бидеш или во кои те сакаат тебе; море или планина.
Сè може. И сè е можно.

13. Споделувај
Секогаш. Со сите. Со кучето. Со сиромашниот. Со пријател. Не очекувај ништо за возврат.
„Ако се храниш само себеси, нема да имаш многу корист од тоа.“

14. Имај желби
Но биди внимателен.Тие се исполнуваат. Формулирај ги максимално точно.

15. За да облечеш нова кошула, треба да ја соблечеш старата.

16. Патувај
И најдобро сам. Зашто каде и да одиш, секогаш сè ќе биде со тебе.

loading...