ЕКСКЛУЗИВНО: Премиерот Заев добива кривична пријава за загрозување на независноста

АКЦИЈА
loading...

Сторено кривично дело против државата, по чл. 308 од Кривичниот законик на РМ „Загрозување на независноста“ е причината поради која политичката партија Левица поднесува кривичната пријава против претседателот на Владата Зоран Заев.

– Сметаме дека со прифаќањето на недостоинствениот предлог „Република Илинденска Македонија“ за севкупна употреба (надворешна и внатрешна), таксативно се исполнети сите законски елементи на посоченото тешко политичко кривично дело кое се гони по службена должност и за кое законот предвидува најмала казна од пет години затвор, па затоа претставници на нашиот правен тим ќе поднесат соодветна пријава до надлежното јавно обвинителство за понатамошно процесуирање. Детали од наводите во пријавата ќе бидат изнесени на прес-конференцијата, најавува партијата.

За утре во 11 часот Левица најавува прес конференција на која ќе ја образложи својата аргументација за кривичната пријава против премиерот Заев.

loading...