Следете во живо! ЗАПОЧНА КРАЛСКАТА ВЕНЧАВКА: Принцот Хари се жени со Меган Маркл, стотици илјади на улиците во Виндзор

АКЦИЈА
loading...

Илјадници обожаватели се собраа утринава, 19.мај, заедно со првиот зрак на зората во англискиот град Виндзор во исчекување на раскошната кралска свадба на британскиот принц Хари (33) и американската актерка Меган Маркл (36)

Се очекува повеќе од 100.000 обожаватели да ги преплават тесните улици на Виндзор, гратче оддалечено тринаесетина километри западно од Лондон. Во тоа место пристигнаа стотина телевизиски екипи.

Безбедноста е силна, а посетителите мораат да поминат низ полициски контролни пунктови поставени околу дворецот, кој бил дом на 39 англиски монарси од 1066. година.

 

loading...