МИЦКОСКИ: Она што беше шпекулација, ни го потврди Заев – тој и Димитров прифатиле промена на Устав и уставно име

АКЦИЈА
loading...

Лидерот на опозицијата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот ФБ профил ја информираше јавноста за содржината на разговорите на денешната лидерска средба, истакнувајќи дека она што било шпекулација (Илинденска Македонија) денес се потврдило како точно

„Она што беше шпелулација изминатите денови во јавноста и онаа шпекулација која што вчера Зоран Заев ја кажа пред јавноста дека е шпекулација, излезе дека е вистина. Зоран Заев и Никола Димитров прифатиле решение за кое што прв пат бевме денеска информирани за време на средбата која што требаше да биде од информативен карактер.
ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот кој што беше повторуван во минатото во многу наврати, дека нема да поддржеме промена на Уставот со цел промена на уставното име!“ – напиша Мицкоски на својот ФБ профил.

loading...