ГАЛЕРИЈА. МАКЕДОНСКАТА ДИЈАСПОРА ПРОТЕСТИРАШЕ ВО БРИСЕЛ: Безусловен крај на преговорите за името, и отфрлање на законот за двојазичност!

АКЦИЈА
loading...

Македонските заедници во Германија, Швајцарија, Данска, Австрија, Франција, Италија, Австрија, Шведска, Холандија, Луксембург и Белгија денес одржаа протест и протестен марш на улиците на Брисел, барајќи безусловен крај на преговорите за името, но и слобода за притворените уставобранители

Македонците во Европа бараат: Безусловен крај на разговорите за промена на името на државата и идентитетот на нацијата; Безусловно продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија; Отфрлање на Законот за употреба на јазиците; Поништување на Договорот Заев-Борисов; Помилување на сите притворени и затворени во врска со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година.

Пред протестот претставници на Македонската дијаспора во Европа имаа средба со европратеничката Маријана Петир, која изрази поддршка за утрешниот протест, а најави дека најверојатно и таа ќе присуствува на скверот „Де Меус“ за да протестира заедно со Македонците.

loading...