Е ова беа дебати!

АКЦИЈА

Пред точно една година, интервјуто на Талат Џафери го означи почетокот на „Само вистина“, емисијата која си постави за цел да се намести на средина, да ги чуе и двете страни и да ја пронајде само вистината. Во таа кратка година, „Само вистина“ брзо издоминира меѓу политичките дебатни емисии во земјата, за што сведочи двојно поголемата гледаност пред останатите.

Павле Богоевски VS Богдан Илиевски

Кога едниот се уште не беше седнат во обвинителната клупа, а вториот во својата пратеничка фотелја, некогашните револуционери од различни револуции, се соочија и во „Само вистина“. Потсетете се на најинтересните моменти:

Љупчо VS Бранко

Дуелите на овие двајца ги памтиме како едни од повалканите во тв историјата, со полно удари под појас: eдниот за навиките на другиот, другиот за дијагнозите на првиот, кој шише виски, кој облекувал униформи… Па сепак, години подоцна, ова нивното изгледа како цивилизирана дебата во Шведска. Само на аудио ниво видеово е доволно да ве смири: зборуваат еден по друг, се сослушуваат, нема пенавење. Па не е ваљда дека еден ден ќе крикнеме: Вратете се, сè ви е простено?

Филип Петровски и Мирослав Грчев

Во периодот кога излезе она неговото легендарно „Македонската држава е буквално измислена во рамките на Југославија“, професорот Грчев во „Само вистина“ имаше жесток дуел со поранешниот директор на Архивот. За „Скопје 2014“, спомениците и дали градот Скопје пак ќе (р)(н)икне, ова е уште една дебата вредна за гледање:

loading...