(Видео) Невин Американец ослободен по 17 години минати во затвор, неговата реакција ги погоди сите во судницата

АКЦИЈА
loading...

Џон Бан, 41-годишен Афроамериканец, беше ослободен по 17 години минати во затвор за убиство на полицаец кое тој не го извршил, односно за истото бил наместен од страна на корумпиран детектив од Њујорк.

Во моментот полн со емоции кога судијката ја прочита неговата ослободителна пресуда во судот во Бруклин, Бан заплака, ја фати судијката за раце и ја наведна главата во знак на благодарност, додека во судницата одекна аплауз.

„Сакам да ви кажам благодарам, судијке, бидејќи јас 27 години се борев за својот живот“, рече Бан, преплавен од емоции. Потоа се сврте кон обвинителите и со солзи во очите, им рече: „Сакам да знаете дека осудивте и во затвор испративте погрешен човек“.

Бан во затвор минал цели 17 години, а условно ослободен бил во 2009 година, пренесува „Њу јорк дејли њуз“. Тој бил уапсен и обвинет во 1991 година на само 14 години, под образложение дека заедно со друг тинејџер по име Роузен Харгрејв ги натерале полицајците Роланд Најшер и Роберт Кросон да излезат од автомобил под закана со пиштол, по што Најшер бил застрелан, а двајцата сторители побегнале со украдениот автомобил.

„Јас сум многу повеќе од емотивна денеска. Во тоа време вие сте имале 14 години. Ова никогаш не смеело да се случи“, рече судијката Шавандја Симпсон.

Според тврдењата на адвокатите на Бан во текот на судењето, обвинението против нивниот клиент било проблематично уште од самиот почеток: на местото на настанот не биле пронајдени отпечатоци од Бан и Харгрејв, а преживеаниот полицаец во еден момент ги опишал сторителите како белци на возраст од 20 години. Адвокатот, Глен Гарбер, тие проблеми ги оценил како очигледни и додал дека немало валидна причина за апсење на неговиот клиент, кој во случајот бил наместен.

Харгрејв кој денеска има 44 години, исто така бил ослободен. Инаку, за осуда на овие двајца невини луѓе, главен виновник е пензионираниот њујоршки детектив, Луис Скарчела, за кој подоцна било откриено дека со години користел нефер методи во истрагата.

loading...