„Катимерини“: Името Илинденска Македонија е предлог на ФИРОМ

АКЦИЈА
loading...

Името Илинденска Македонија (што означува два историски настана од 1903 и 1945 година), според информациите што доаѓаат од страна на ФИРОМ, му го предложил Зоран Заев на Алексис Ципрас на последната нивна средба во Софија, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

„Очигледно ова решение не е дефинитивно бидејќи слични имиња беа ставени на маса во соседната земја и во неодамнешно минато (на пример, Крушевска Македонија). Исто така, не е јасно дали Атина го прифаќа ова име и е основа за дискусија за можно решение или, пак, тоа е само потег на македонската Влада за преговорите да добијат реален импулс“, пишува весникот.

Весникот исто така пишува дека Ципрас за време на викендов ќе ги информира претседателот на државата и политичките лидери за што разговарал со својот македонски колега.

Заев вчера на прес-конференција во Скопје посочи дека пријателството меѓу Македонија и Грција е веќе изградено и повтори дека има можно решение за кое ќе се дискутира одделно во двете држави. Во однос на решението потенцира дека станува збор за комплетно решение во кое е вклучена употребата на името, јазикот, идентитетот и опсегот на употреба, а не само парцијално.

loading...