Задутре лидерска средба за името

АКЦИЈА
loading...

Лидерска средба за преговорите со Грција за спорот со името ќе има во сабота, дознаваме од наши извори.

Премиерот ќе треба да ги информира и другите политички чинители во земјава до каде се преговорите.

Претходно од ВМРО-ДПМНЕ побараа лидерска средба.

Инаку, Заев денеска изјави дека постои заеднички прифатливо решение за името, без да открие детали за можните солуции. Но, тој кажа и дека нема да има дестабилизација ако името не се реши.

loading...