Машките во овие хороскопски знаци се совршени мажи!

АКЦИЈА
loading...

За сите жени кои се слободни, вреди да побараат мажи во овој знак, а вие кои сте во брак – кажете дали ова е точно…

Водолија –

Иако тешко се заљубува, откако тој ќе се заљуби, е подготвен за неговата љубов да стори сè. Тој е свесен за вашите желби и потреби, и ќе стори сé за да ги исполни. Но, понекогаш е пречувствителен, што во комбинација со тврдоглавост може да предизвика контроверзии и расправии. И бидејќи е секогаш подготвен за истражување и авантура, никогаш нема да ви биде досадно.

Лав –

Има одредена харизма на која многу жени „паѓаат”, но тој ги избира само оние кои имаат „цврсто јас”. Тој е страстен и кога сака со сите сили, тој ќе се обиде да ви го покаже тоа. Толку многу ќе и угодува на својата партнерка што ќе направи да се почувствува како најпосебна на светот. Но, мааната му е што сака се да биде по негово. Од партнерот бара разбирање и еднаквост.

Шкорпија –

Членовите на овој знак се многу снаодливи и секогаш можат да се потприте на нив. Иако често пати талкаат и ги менуваат своите партнери во својата младост, кога ќе станат сериозни, сакаат само една жена. Тој особено ја цени искреноста и чесноста, и како што е многу посветен на врската и верен, тој исто така го очекува истото од другата страна. Исто така е познато дека овој знак е многу страствен во креветот, па му треба жена која ќе го следи, но и да биде доволно нежна да го натера да се чувствува доминантно.

loading...