ЛЕТО 2018: Каде ќе биде пекол, а каде ќе има бури?

АКЦИЈА
loading...

Топли бранови и опасност од пожари ќе има во Франција, Германија и на северот од Италија.

Сервисот „AccuWeather“ денеска објави летна прогноза за цела Европа.

Најтопло се очекува да биде во градовите Тулуз и Лион, па Милано, Фиренца, Франкфурт и Берлин.

Најголеми грештини со пораст на температурата до 38 степени Целзиусови се очекуваат на југот на Франција и на северот од Италија.

Во овие подрачја ќе има суша, поради што би можело да дојде и до големи шумски пожари.

Иако се очекува подпросечна количина на дожд, сепак во овие делови се предвидуваат и неколку опасни бури проследени со грмотевици.

Најголем ризик од опасни бури постои во градовите Прага, Варшава и Минск. Овие бури ќе бидат проследени со ветрови и поплави, што може да предизвика големи пречки во сообраќајот.

Јужните делови на Италија и Балканот, во кој влегува и Македонија, ќе бидат погодени со чести бури проследени со грмотевици.

Многу дожд и чести бури со грмотевици се очекува да има во градоивте Рим, Неапол, Тирана и Софија.

Поголеми периоди од топло и суво време ќе го одбележат летото во Велика Британија, на северозапад во Франција, Белгија и Холандија.

Сушата ова лето ќе биде голем проблем за подрачјата од Украина па се до Хрватска и северен Балкан.

Метеоролозите најавуваат големи суши во некои делови на Балканот и Украина, толку големи што дури е возможно некои области да се соочат со недостаток на вода за пиење.

Иако во Шпанија и Португалија ќе има жешки денови, ова лето сепак ќе биде „понормално“ во однос на изминативе неколку години.

loading...