Како да подготвите трилече?

АКЦИЈА
loading...

Потребни состојки:

За кора

– 6 јајца

– 300 грама шеќер

– 2 ќесички ванилин шеќер

– 1 пециво

– 400 грама брашно

За прелив

– 500 мл хопла

– 2 литра млеко

– 300 грама млеко во прав

–​течен карамел

Подготовка:

Скршете ги шесте јајца и одвојте ги белките од жолчките. Белките се матат со шеќерот, а потоа на оваа смеса седодаваат претходно изматените жолчки, како и брашното, пецивото и ванилиниот шеќер.

Целата смеса се мати или се меша со лажица. Потоа се истура во четвртаста тава и на пече 30 минути на температура од220ºC. Додека се пече тестото подгответе го преливот со тоа што во далбок сад ќе ги матите млекото, млекото во прав ихоплата.

Испечената кора се остава да се олади, а потоа на неа се додава млечниот прелив и на крај одозгора се полева со теченкарамел.

Добар апетит!

loading...