Идентитетот ќе го зајакнеме со тоа што ќе го укинеме?

АКЦИЈА
loading...

Заев и Ципрас утврдија една опција за прашањето за името

Разговаравме суштински, разгледувавме различни опции, а една од опциите е решение прифатливо за двете страни, рече денеска премиерот Зоран Заев по средбата со неговиот грчки колега Алексис Ципрас во Софија. Сега додаде тој, во разговор дома ќе видиме дали е возможно практично спроведување на тоа решение со институциите на системот и ако е возможно, рече Заев, веројатно ќе имаме решение.

“По сето тоа што беше постигнато го констатиравме и го потврдивме дека стоиме позади тоа и како премиери и добро е што е завршено. Тоа што беше останато го отворивме опционо, преку неколку опции и утврдивме една опција која што може да биде прифатлива за двете страни. Само јас сум Зоран, а мојот контрапартнер е Алексис и ние сме само луѓе. Мораме да внимаваме како тоа инстутицонално ќе биде спроведено, мораме да разговараме со претседателите на двете држави, со другите лидери, со шефовите на опозициите, така што останувам до тука во врска со деталите за оваа работа” рече Заев.

Претходно објасни дека на средбата со Ципрас ги потврдиле сите, како што рече “големи и значајни успеси” кои досега ги постигнале министрите за надворешни работи на двете земји Никола Димитров и Никос Коѕијас.Македонската страна, како што нагласи премиерот, во последната фаза презентирала креативни решенија кои ги разгледале со Ципрас.

“Од денес пријателството меѓу Македонија и Грција е уште посилно. Решаваме спор за да го засилиме и зајакнеме достоинството и идентитетот на граѓаните во двете земји” рече Заев.

Од средбите на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција кои последниот период беа интензивни, познато е дека најспорни прашања што останаа промена на Уставот, што го бара грчката страна и опсегот на употреба на името што би било договорено.

Во Софија сега, освен меѓусебната средба и Заев и Ципрас на маргините на Самитот ЕУ- Западен Балкан имаа средба и со германската канцеларка Ангела Меркел.Во владиното соопштение не се споменува спорот за името, а се наведува дека Заев и Меркел разговарале и за можните последици ако регионот и Македонија не ги добијат заслужените признанија и ако се успорат процесите за интегрирање на земјите од Западен Балкан во ЕУ.

Во него се наведува дека такво сценарио ќе ги охрабрело ретроградните политички сили и ќе отворело простор за инволвирање трети страни што може да предизвикале нарушување на стабилноста. Македонскиот премиер, покрај со другите европски лидери во Бугарија се сретна и со францускиот претседател Емануел Макрон.

Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

loading...