Етничките промени во Македонија

АКЦИЈА
loading...

Поточно тие отворено го поставуваат прашањето каде започнува и каде завршува Македонија, бидејќи секоја од нејзините сосетки одземала односно присвоила дел од неа.

Барајќи го одговорот на отвореното прашање, француските претставници ги изнесуваат своите видувања во дефинирањето на територијата на Македониjа и на нејзиното население, од кои поголемиот дел сметаат дека го сочинува еден ист народ што го нарекуваат македонски народ.

Тие ги анализираат неговите специфичности и укажуваат на постојаните национални особености и на разликите кои го издвојуваат од неговите соседи. Така, за територијата на Македонија, сместена во срцето на Балканот, во француската документација, а посебно во еден француски елаборат за Македонија се нагласува дека се работи за еден регион “совршено разграничен од Куманово до Солун, од Родопските планини до албанската граница, по долината на Вардар и Струма до Егејското Море. Македонија има три соседи: Бугарија, со 160 км граница, Грција, со 230 км граница и Албанија, со 155 км граница…”, а што се однесува до населението, се изнесува неговата структура според националната припадност и се даваат објективни податоци за вардарскиот дел, односно за НР Македонија, кои се слични со официјалните статистички податоци, што се изнесени поопширно во рамките на една посебна точка којашто ќе ја поместиме во овој труд под наслов “Македонија – француски елаборат, Париз 1952 година”, во која Македонија е предмет на продлабочени анализи и проучувања од повеќе аспекти – политичко-економски, просветно-културен и сл.

Archives diplomatique… Nantes… serie, Скопје, vol. 1

Имено, во овој елаборат се наведува вистинската состојба на Македонците во НР Македонија по Втората светска војна – 778.980 Македонци во 1948 година и 860.699 во 1953 година, се изнесува бројната состојба и за другите национални малцинства, а се нагласува дека само 27% од населението живее во градовите. Што се однесува до “Македонците во Грција и во Бугарија, се поставува прашањето: колку Македонци има…, одговорот е тежок, бидејќи македонската националност не е дефинирана во овие земји…, бројките варираат од 200.000 до 600.000 во Бугарија…, има ли 500.000 Македонци во Грција…

loading...