Удрил жена со мотор кај Бит Пазар и избегал

АКЦИЈА

Вчера во 13:26 часот од Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ во полиција пријавиле дека кај нив била донесена В.К. (63) од село Кучевиште, скопско, со нанесена тешка телесна повреда од сообраќајна незгода на Бит Пазар, во која била удрена од мотор управуван од непознато лице, кое го напуштило местото на настанот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

loading...