Совршен рецепт за брз ручек: Лесни и едноставни лазањи

АКЦИЈА

Ви предлагаме постапка за лесна подготовка на лазањи – брзо и лесно направете го овој италијански специјалитет.

СОСТОЈКИ:

200 гр тестенини
1 главица кромид
250 гр мелено месо
400 мл доматен сок
150 гр кашкавал
оригано
сув зачин
бибер
масло

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Тестенините кратко обварете ги.

Додека тестенините се подготвуваат, кратко издинстајте кромид, додајте зачини, оригано, месо. Додајте доматен сок, а по десетина минути готвење измешајте со тестенините и префрлете во плех.

Посипете со рендан кашкавал и печете 30 минути во рерна на 220 степени.

Готви.мк

loading...