Славната пејачка е восхитена: Мојата готвачка е од Македонија, ја обожувам нивната традиција

АКЦИЈА
loading...

Синоќа во ресторанот „Ковач“ по седми пат се отворени Деновите на македонската традиција, а во нив се чини најмногу уживале Лепа Брена и Боба Живоиновиќ.

Тие видно расположени и со насмевка дошле во ресторанот како би уживале во традицијата на Македонија, а Лепа Брена во оваа прилика открила дека жената која готви во нејзиниот дом е Македонка и дека ги обожува нејзините јадења.

-Не сум вешта готвачка, но жената која во мојот дом веќе 20 години подготвува разни јадења потекнува од Македонија и навистина ја сакам нивната традиција. Некои жени едноставно се раѓаат со таа умешност за јадења и подготвување на истите и тоа не треба да се менува. Посебно кога некој едноставно не е за тоа- рекла Брена.

Освен фолк ѕвездата и нејзиниот сопруг, во македонските специјалитети уживале сите гости, а меѓу нив, Илда Шаулиќ, актерот Владо Алексиќ, Никола Јефтиќ, Бранислав Лечиќ, Маја Оџаклиевска, Зафир Хаџиманов, Дијана Ѓоковиќ и многу други.

Република.мк

loading...