Позната е како билка за смирување, но има и други причини за да ја користите

АКЦИЈА

Оваа билка се препорачува и за лекување на болести на зависност, а особено е корисна во процесот на одвикнување од цигарите.

Билката валеријана кај нас е најпозната по своето смирувачко дејство, а многумина не знаат дека оваа билка всушност има многу поширока примена!

Иако коренот од валеријана особено се препорачува за ублажување на нервната напнатост, вознемиреноста, раздразливоста и против несоница, таа дава исклучително добри резултати и кај несоница предизвикана од стрес.

Што се однесува до другите нервни заболувања, помага кај нервна главоболка, хипохондрија и хистерија.

Валеријаната го смирува и интензивираното чукање на срцето поврзано со чувство на тешкотии во градите и страв.

Билката валеријана се препорачува и за лечење на болести на зависност, а особено е корисна при одвикнување од пушењето на цигари.

Всушност, чајот од валеријана прави, инаку непријатниот мирис од цигарите, да биде уште понепријатен, дури и за најтврдокорните пушачи коишто се веќе одамна навикнати на таквиот мирис. Покрај тоа, на личностите кои се решени да се ослободат од оваа лоша навика им помага полесно да се справат со напнатоста и несигурноста во периодот на одвикнување.

Една од главните предности на валеријаната, за разлика од повеќето останати сретства за смирување, е тоа што не предизвикува зависност.

А освен тоа што извонредно смирува и ги опушта нервите, валеријаната има и бројни други лековити моќи:

– ја ублажува мигрената
– ги опушта грчевите во мускулите и желудникот
– далува како аналгетик, па помага при менструални болки
– ги ублажува симптомите од астма
– го намалува крвниот притисок

На пазарот валеријаната може да се набави во облик на капки, масло, таблети, капсули и чај. Се подразбира и дека е неопходно придржувањето кон пропишаното упатство за дозирање и начинот на употреба.

Подготовка на чајот:

Чајот од валеријана се подготвува така што една мала лажичка корен од оваа билка се прелива со 2 децилитра превриена жешка вода и после 5 минути се процедува.

Препорачаната дневна доза е две до три шолји на ден, од коишто обврзно една навечер, половина час пред спиење, што е совршено за лечење на несоница.

Треба да се знае дека валеријаната има доволно интензивно седативно дејство, така што не треба да се користи во комбинација со други билки со слично дејство, ниту пак во комбинација со синтетички сретства за смирување.

Напомена: Препораката е после три недели употреба на валеријаната, да се направи пауза, за да не дојде до евентуални несакани ефекти како што се мачнини, главоболка, па дури и вознемиреност.

Внимание: Оваа билка не е препорачлива за деца и трудници!

Извор: Денар.мк

loading...